Објавено на:

МВР информираше за неколку нерегуларности во текот на гласањето

t

Од МВР информираа за неколку настани кои се случиле во текот на гласањето. Изутрина пријавен инцидент во скопското село Радуша.

На овластени партиски набљудувачи не им било дозволено да влезат во избирачките места. На едно од лицата му биле дупнати и гумите на автомобилот при влез во селото. Во Крњево, едно лице пријавило сомнеж дека во домот на неговиот татко дошле лица од ДИК, за кои постоел сомнеж дека не се од Државната изборна комисија.

Во тетовско биле уништени два банери со рекламен материјал.

А во Крива Паланка е фатено лице кое делело бонови за точење гориво на бензиска пумпа. За сите случаи полицијата презема соодветни истражни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…