МВР пиша 1065 казни за еден ден
Вчера се констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден (23.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле осум возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 44 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно возило заради техничка неисправност. Санкциониран е и еден возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…
По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…