МВР потврди: Едно лице е повредено по синоќешното пукање во Арачиново!

t

Едно лице е повредено во синоќешното пукање во Арачиново, потврдија од МВР за Инфомакс.

– На 22.10.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога. Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20.00 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР.

Инфомакс вчера ексклузивно објави за инцидентот во кој е повреден еден човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…

Нов случај на западнонилска треска и во…

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…

Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…

Жител на скопското село Шишево е приведен…

МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…