МВР соопшти дека вчера и денеска извршило апсења на повеќе локации во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера и денеска извршило апсења на повеќе локации во Скопје, при што се приведени осум лица.

На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од интервентната полициска единица го привеле А.Л.(47) од Скопје, откако пронашле марихуана. На подрачјето на Карпош, полициски службеници од Скопје го привеле П.С.(24) од Скопје, откако му била пронајдена и одземена марихуана.

Во хотелски објект во Градскиот парк во Скопје, од страна на полициската интервентна единица е уапсен Д.К.(29), откако му била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Исто така, во скопската населба Колонија, полициски службеници од Единицата за интервенции на полицијата при Секторот за внатрешни работи Скопје го привеле А.Г., кај кого биле пронајдени и одземени наркотични материи.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следат соодветните поднесоци за сите лица лишени од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…