МВР сѐ уште го бара исчезнатото девојче: Да не се шират дезинформации!

t

Малолетната Вања Ѓорчевска се уште не е пронајдена, интензивни активности за нејзино пронаоѓање ќе продолжат да се спроведуваат во текот на ноќта, велат од МВР за Инфомакс.

– Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката, информираат од МВР.

Вања Ѓорчевска од Скопје, 14-годишна ученичка во деветто одделение, е исчезната од утринава. Како што појаснува нејзината мајка Зорица таа тргнала кон училиштето кое било седум минути оддалечено од нивниот дом, утринава во 7.20 часот.

Во 7.34 телефонот и бил исклучен, а од Вања немало траг. Полседен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци.

-Никогаш не се случило вакво нешто, ќерка ми е примерна ученичка, одговорна личност. Се сомневам дека е киднапирана! Обично на училиште оди заедно со сестра и, денес сестра и остана дома и Вања тргна сама. Другарките не знаат ништо, класната наставничка е вознемирена, проверивме социјални мрежи, нема ништо! Затоа и се поголем ни е сомнежот дека е насила одведена – појаснува вознемирената мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

МВР: Од 8 до 19 часот денеска…

Од 8 до 19 часот денеска ќе…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…

Бојмацалиев: Успеавме МВР да биде МВР за…

Изминатите седум години на Министерството за внатрешни…