МВР: 20 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје и Куманово

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изборниот молк, од 18 октомври до утрово во 7 часот, биле регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк низ земјата.

Најмногу случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – шест, по што следат четири пријави во Куманово, три во Велес, по две во Охрид, Штип и Битола, и една пријава во Струмица.

„По преземените мерки, не се потврдени пријавите за 15 од пријавените настани,“ соопштија од МВР.

Покрај тоа, биле регистрирани 47 објави на социјалните мрежи кои го прекршиле изборниот молк, главно со повици за гласање за одредени кандидати или со видеа и фотографии од партиски активности во штабови.

Министерството информира дека гласањето на болните и изнемоштените лица, како и на лицата во затвори и притвор, поминало без инциденти, освен еден изолиран настан, кој бил навремено третиран.

Претходно, вчера Инфомакс, објави неколку видеа од прекршување на изборниот молк.

(Видео) Нарушување на изборниот молк во Прилеп, Пробиштип и Крива Паланка! Отворени штабови и притисоци пред утрешното гласање

(Видео) Партиски состанок во Охрид – Уште едно нарушување на изборниот молк!

(Видео) Цел митинг во Желино: Градоначалникот се пушти во живо на Фејсбук со штаб полн активисти за време на изборен молк!

(Видео) Митинг за време на изборен молк и во Кичево!


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…