Мегваер: Знаев дека не смеам да промашам од толку блиску, ќе беше – тешко мене!

t

Хари Мегваер, по подолго време се споменува во позитивна конотација по натпреварите на Манчестер Јунајтед, откако го постигна решавачкиот гол во синоќешната победа на домашен терен против Копенхаген (1-0) во меч од Лигата на шампионите.

Со ова, англискиот репрезентативец делумно се извади за многуте лоши реакции изминативе две сезони, поради кои го загуби местото во стартниот тим, а често беше на удар на медиумите и навивачите.

„Ова беше тешка година за мене, премногу работи ми се случија, но продолжив да работам напорно, да не се откажувам и да чекам шанса. Мислам дека одиграв добар меч и пред голот, а кога веќе ми се укажа шанса, центаршутот на Ериксен беше толку добар, знаев дека од толку блиску не смеам да промашам. Во спротивно ќе беше – тешко мене. Чувството кога топката влезе во мрежата, кога целиот стадион скокна беше навистина неверојатно. Посреќен сум што победивме незгоден ривал во ЛШ отколку за мојот гол, тимскиот успех секогаш го ставам пред индивидуалниот“, изјави Мегваер.

Јунак во таборот на вечерта беше вториот најголем киксер сезонава во таборот на „ѓаволите“, голманот Андре Онана, кој одбрани пенал во седмата минута од судиското продолжение.

Извор; sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…