Медведев му врати на Кисинџер: Имате сто години ама ова да Ви биде јасно!
Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, на Твитер му одговори на Хенри Кисинџер во врска со неговиот став дека Украина треба да му се приклучи на НАТО.
-Хенри Кисинџер повика Украина да влезе во НАТО.
Точно, за 10 дена ќе го прослави 100-тиот роденден, а се сретна и со Брежњев. Сепак, тој тука греши целосно.
Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото. Отсекогаш сум верувал дека е важно да се земат предвид директните и очигледни закани, а не хипотетичките, за правилно да се процени ситуацијата. Замислете дека Украина е примена во Северноатлантската алијанса од сегашните досадни лидери:
1) НАТО веќе води хибридна војна против Русија;
2) украинскиот националистички режим нема да престане да се обидува да ги врати изгубените територии;
3) на ова ќе мораме жестоко да одговориме со сите можни средства, а…
4) еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор.
Суптилните аргументи за спречување на егзистенцијални закани не функционираат за време на крвави конфликти. Ова треба да им биде јасно дури и на оние кои се наближуваат на својата стогодишнина.
Најдобри желби за претстојната стогодишнина! Чувајте ја јасноста на умот што Sleepy Joe изгуби, напиша Медведев на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев се закани со понатамошни чекори откако…
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини…
„ЕВРОПЕЈЦИТЕ ТРЕБА ДА JA OБEСAT СТАРАТА ВЕШТЕРКА…
Договорот е очигледно насочен против Русија бидејќи…
Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…
Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…
Медведев предупредува на директен судир Русија-НАТО
Последен пат светот беше толку блиску до…
Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си…
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски…