Медведев: На Русија не ѝ се потребни дипломатски односи со Полска
Полска не треба да постои за Русија се додека таму на власт се само русофоби, а Украина е полна со полски платеници, напиша денеска на својот Твитер профил на англиски јазик Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.
– „Не гледам причина да одржувам дипломатски односи со Полска. За нас оваа земја не треба да постои додека нема никој на власт освен русофоби, а Украина е полна со полски платеници кои мора безмилосно да бидат истребени како смрдливи стаорци“, рече Медведев.
Тој ја објави и полската верзија на овој текст, пренесе РИА Новости. Локалните власти и полицијата вчера упаднале во училиште во близина на руската амбасада во Варшава, при што ја скршиле вратата. На вработените во училиштето им било кажано дека мора да ја напуштат зградата пред 18 часот, изјави за руската новинска агенција Андреј Ордаш, советник-претставник на руската амбасада во Полска. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ваквиот дрзок“ чекор на Варшава нема да остане без остра реакција и последици за полските власти и интересите на Полска во Русија, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…