Објавено на:

Медведев: Љубители на жаби, колбаси и шпагети се собраа во Киев

t

Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, во негов стил со потсмев се обрати кон посетата на неколку европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во „твит“ со коj исмејува некои национални стереотипи.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој на англиски, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Посетата на лидерите нема никаква корист, напиша тој.

„Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од горилка (украински алкохолен пијалак) и патуваа со воз, како пред 100 години. Да, тоа нема да ја приближи Украина до мир. Часовникот отчукува“, порача Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев се закани со понатамошни чекори откако…

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини…

„ЕВРОПЕЈЦИТЕ ТРЕБА ДА JA OБEСAT СТАРАТА ВЕШТЕРКА…

Договорот е очигледно насочен против Русија бидејќи…

Медведев предупредува на директен судир Русија-НАТО

Последен пат светот беше толку блиску до…

Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си…

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски…

Медведев: „Старата баба“ ЕУ не фигурира на…

Медведев за ЕУ изјави дека не може…