Мелони го осуди антисемитизмот: Еврејската заедница е од суштинско значење за Италија
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, синоќа истакна дека еврејската заедница во таа земја е од „суштинско значење”, за Италија и за Европа.
Изјавата Мелони ја даде на средбата со првиот човек на Светскиот еврејски конгрес и со претставници на италијанските еврејски организации.
Новоименуваната премиерка на Италија се обидува да ја дистанцира нејзината партија „Браќата на Италија”, што има ектремно десничарска ориентација и влече корени од неофашистичкото движење создадено по Втората светска војна, од антиеврејските расни закони од времето на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини.
Во објавениот транскрипит се наведува дека на средбата била постигната целосна согласност за потребата од силна и појасна заложба во борбата против сите форми на антисемитизам – феномен штој бележи загрижувачки пораст кој, меѓу другото, се однесува на Интернет и социјалните мрежи.
Исто така, се цитира Мелони како ја нагласила „суштинската важност на еврејските заедници за италијанскиот и европскиот национален идентитет”.
Браќата на Италија потекнуваат од таканареченото италијанско социјално движење (МСИ), основано во 1946 година од поранешни функционери на владата на Мусолини кое во своите редови привлече симпатизери на фашизмот.
Мелони беше член на младинскиот огранок на МСИ и на Националната алијанса, а ја основаше „Браќата на Италија” во 2012 година – задржувајќи го во логото на партијата симболот на тробојниот пламен на МС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…
Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…