Објавено на:

Мелони “ѝ објави војна” на ЛГБТ заедницата

t

Државниот обвинител во северна Италија побара укинување на 33 изводи на деца родени од лезбејски парови кои датираат од 2017 година, велејќи дека името на небиолошката мајка треба да се отстрани, пишува „Ројтерс“.

Потегот на обвинителот на Падова ја истакна правната неволја со која се соочуваат ЛГБТИ+ семејствата во Италија. Тоа се случи неколку месеци откако владата на премиерката Џорџа Мелони им нареди на градските совети да престанат да ги регистрираат децата на истополовите родители.

Италија ги легализираше истополовите граѓански заедници во 2016 година под владата на левичарската влада, но не им даде на паровите целосни права за посвојување, плашејќи се дека тоа ќе поттикне сурогат бременост, која останува нелегална.

Во отсуство на јасна легислатива за ова прашање, некои судови пресудиле да им се дозволи на таквите парови да си посвојуваат деца. Сепак, обвинителката на Падова, Валерија Санзари, отворила правен случај велејќи дека треба да се сменат 33 изводи од матичната книга на родените потпишани од градоначалникот на градот од 2017 година и да се отстрани името на небиолошката мајка.

Иницијативата на обвинителот ја налути италијанската ЛГБТК+ заедница.

„Овие деца остануваат сираци со декрет“, рече централно-левичарскиот парламентарец Алесандро Зан, кој се залага за правата на хомосексуалците во Италија. „Ова е сурова, нехумана одлука“, додаде тој.

Отстранувањето на името на родителот од изводот на родените создава и бирократски пречки и емоционални оптоварувања.

Мајката чие име е елиминирано повеќе нема да може да исполнува низа задачи, вклучително и да го земе детето од училиште без писмена дозвола од партнерот. Доколку законски признатиот родител умре, децата би можеле да бидат земени од семејниот дом и да станат државен штитеник.

За да си ги врати родителските права, небиолошката мајка мора да помине низ долга и скапа специјална процедура за посвојување. Владата ја бранеше одлуката на обвинителот.

„Во Италија бракот е само меѓу маж и жена, и затоа само биолошкиот родител е родителот чие презиме може да се регистрира“, изјави Лука Цириани, министер за парламентарни односи.

Долниот дом на Италија моментално расправа за закон кој ќе го направи кривично дело, казниво до две години затвор, за паровите кои одат во странство за да имаат сурогат бебе, дури и на места каде што тоа е легално, како што се САД или Канада.

Мелони, самопрогласена непријателка на она што таа го нарекува „родова идеологија“ и „ЛГБТИ+ лоби“, се соочува со зголемена контрола од странство поради нејзината мошне конзервативна агенда за семејствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија: Зеленски лично го предупредивме лани, контраофанзивата…

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека…

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција…

Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, истакна…

Затворски казни до 15 години за ЛГБТК+…

Ирачкиот парламент денеска усвои закон со кој…

(Видео) Апасиев: Ни нудат концепт на либанизација…

“Етнотрибализмот ни го сервираат како европска вредност.…

Службеник на италијанската влада му доставувал расипано…

Неименуван функционер на италијанското Министерство за образование…