Мемов: Јавно ќе ги опоменеме кога ќе грешат, од наша страна нема никакво политиканство!

t

Портпаролот на Движењето ЗНАМ Никола Мемов за Радио Слободна Европа:

„Ние се водиме од договорот со ВМРО-ДПМНЕ за наше учество во Владата. Впрочем, и најважна работа во преговорите за состав на владата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ беа принципите и начинот на кој ќе функционира Владата. Најголемо внимание на тоа посветивме, не ни беше важно кој ќе биде министер или директор.

Инсистираме да се почитуваат принципите и владината програма.

Тоа не важи само за функционерите на „Вреди“, туку и за оние на ВМРО-ДПМНЕ и за нашите функционери.

Јавно ќе ги опоменеме кога ќе грешат. Од наша страна нема никакво политиканство, нашите политики се принципиелни и се конзистентни уште од кога се формираше ЗНАМ, преку кампањата и сега со учеството во владата“, изјави Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ, за Радио Слободна Европа(РСЕ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…