Објавено на:

Мерц во страв пред изборите: Не можам ни да ги замислам последиците од сценариото ако победи АфД

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупредува дека победата на крајно десничарската партија АфД на регионалните избори следната недела во покраината Саксонија-Анхалт ќе ѝ наштети на источната покраина и ќе ги одврати странските компании од инвестирање во земјата. Мерц во интервју за јавниот радиодифузен сервис АРД, вели дека не може да ги замисли последиците од тоа сценарио.

„Не можам да замислам меѓународни инвеститори да присуствуваат на церемонија на поставување камен-темелник со министерот-претседател на АфД за да отворат нови погони и да основаат нови бизниси во Саксонија-Анхалт“, рече тој.

Тој рече дека земјата ќе претрпи голема штета доколку АФД победи на изборите.

„Сепак, тоа е одлука на гласачите во Саксонија-Анхалт. Покраината ќе претрпи значителна штета ако работите одат како што сега се плашиме дека би можеле“, рече Мерц.

Антиимигрантската партија АфД, или Алтернатива за Германија, моментално има силно водство во анкетите на јавното мислење, со 42% во споредба со 22% за конзервативните христијански демократи на Мерц, според неодамнешна анкета.

Доколку тоа ниво на поддршка остане непроменето до изборите на 6 септември, АФД веројатно би била блиску до апсолутно мнозинство места во покраинскиот парламент. Но, исходот од гласањето би можел да зависи од тоа дали помалите партии ќе го поминат прагот од 5% потребен за влез во парламентот.

Сите главни партии објавија дека нема да влезат во коалиција со АФД, што значи дека сегашниот покраински премиер од Христијанско-демократската партија, Свен Шулце, би можел да се обиде да изгради своја коалиција или да формира малцинска влада како дел од некаков вид договор за соработка со други партии.

Мерц, кој постојано ја отфрла соработката и со АФД и со крајно левичарската партија Левица, одби да каже што ќе направи ЦДУ ако АФД не освои апсолутно мнозинство.

„Ќе ја процениме ситуацијата во светлината на резултатите од изборите и ќе направиме сè што можеме за да спречиме Саксонија-Анхалт да падне во рацете на радикалите“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц во страв пред изборите: Не можам…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупредува дека победата…

Германската АфД против амбасадата во Скопје: Спор…

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) бара…

Крајнодесничарската АФД со најголеми шанси за победа…

На помалку од еден месец пред важните…

Германската AфД во невиден скандал: Обвинети се…

Дали германската десничарска партија АфД пренесува чувствителни…

Анкета: AfD има најголема поддршка меѓу германските…

Најновите анкети на јавното мислење покажуваат дека…