Меси: Ќе биде тешко против Хрватска
Аргентинскиот капитен Лионел Меси изјави оти е пресреќен од пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Катар, откако Аргентина синоќа во драматичен натпревар ја совлада Холандија на пенали со 4-3.
Аргентина е меѓу четирите најдобри репрезентации во светот бидејќи овие играчи покажуваат дека знаат секој натпревар да го одиграат со иста желба и ист интензитет. Пресреќен сум. Не моравме да одиме во продолжетоци или на пенали, но очигледно моравме да страдаме. Минавме и тоа е импресивно, изјави по натпреварот Меси.
Последната пречка на Аргентина за пласман во финалето ќе биде Хрватска, која вчера на пенали го елиминираше Бразил.
Тоа ќе биде многу тежок натпревар. Хрватска докажа дека е многу добра и видовме дека, доколку им дозволиме да играат, имаат многу добри играчи, кои умеат со топката, особено во средниот ред, додаде Меси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…