Објавено на:

Миленковски: Распределбата на ветените средства од Град Скопје, Вардар ќе ги добие!

t

По реализираните летните подготовки во Златибор, Град Скопје ќе направи уште едно супер добро дело за македонската фудбалска гордост. Токму претставникот на Комити, Милорад Миленковски говореше на оваа тема на денешната прес-конферемција на клубот каде рече:

„Завршени се сите процедури и Комити се целосни сопственици на ФК Вардар. Тоа не значи дека ние како Комити имаме амбиции да го водиме клубот или да бидеме газди. Ние бараме решение на ФК Вардар. Институционално да се реши проблемот на Вардар. Тоа да не биде времено решение, туку трајно. Бараме Вардар да биде ставен во статутот на Град Скопје и на општините. Секако ова е апел и до големите компании кои ќе сакаат да инвестираат во клубот кои би биле дел од еден проширен управен одбор кој би бил шаренолик и кој би функционирал нормално”, рече еден од првите раководители на клубот Милорад Миленковски.

„Распределбата на ветените средства од Град Скопје Вардар ќе ги добие, но мора да помине уште една седница на советот. Се работи за сума од десетина милиони денари, кои што ќе му помогнат на Вардар да профункционира нормално до декември“, додаде Миленковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…