Милков по повлекувањето на амбасадорот:Имаме ескалација на дејствија кои се непријателски
Министерот за надворешни работи Милков денеска не прецизира кога и под кои услови бугарскиот амбасадор ќе биде вратен во Скопје, откако вчера порача дека го повлекува на неодредено време додека Македонија не го подобри поведението кон Бугарите во земјава. Во интервју за БНТ, Милков, кој изминатите денови ѕвечкаше со можност за ново вето, сега вели дека Софија нема што да блокира, зашто Македонија формално и не ги почнала преговорите. Потсети дека за тоа, прво Бугарите треба да влезат во Уставот.
До кога амбасадорот Ангелов ќе биде во Бугарија на консултации?,праша новинарката?
-Повлекувањето на амбасадорот на консултации значи дека нешто во билатералните односни сериозно е нарушено. Ние имаме ескалација на дејствија кои не пријателски кон Бугарија, вели во интервју за БНТ, Николај Милков, технички министер за надворешни работи на Бугарија.
Милков откри и дека Софија сериозно размислува да ја надгради веќе постоечката декларација на бугарското Собрание од 2019-та година, во која сега би се инкорпорирале и нови услови, испровоцирани од инцидентот во Охрид. Првиот дипломат ја продолжи и вербалната расправа со Пендаровски, овој пат, како што рече самиот, од позиција на доктор по историја. Му реплицираше на македонскиот претседател, кој пред неколку дена изјавата на Милков дека Македонија се „враќа на традицијата на насилство“ ја оцени за „грозна“ и го покани да прошета до Ваташа, алудирајќи на злогласениот масакр на 12-те младинци.
-Тој спомнува 12 лица, јас би споменал илјадници луѓе кои биле убиени, 300 илјади протерани меѓу двете војни. Г-н Пендаровски веројатно сигурно слушнал за Голи Оток, каде по Втората Светска војна биле протерани или загинале стотици Бугари само затоа што имале бугарска самосвест. , изјави Милков.
Милков вчера реферираше за односите со Македонија и нападот врз Пендиков во бугарското собрание заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, кој синоќа рече дека антубугарскиот говор не бил казнет од македонските власти.
-Ние се обидуваме по секоја основа да градиме мостови, но не може, за танго се потребни двајца. , изјави Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Скопје
Здравствените власти во Бугарија денеска соопштија дека состојбата на Пендиков е подобрена. Тој денеска го напуштил одделението за интензивна нега и е сместен на орална хирургија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги предупредија своите државјани и туристи…
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…
Израел се соочува со нова сериозна политичка…
Нова трагедија во мак-фудбалот: почина Владимир Секуловски
Македонскиот фудбал повторно е во тага, денеска…
Ахмети: Предвремените парламентарни избори се најсоодветниот одговор…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека…
ЕУ одобри најголема транша помош за Украина…
Советот на Европската унија одобри исплата на…