Министерот Азир Алиу нема да си поднесе оставка
Министерот за информатичко општество Азир Алиу ќе има прес конференција но нема да си поднесе оставка. Информацијата за Press24 ја потврдија високо позиционирани функционери во неговата партија Алијанса за Албанците.
Според неофицијални информации, Алиу наводно се договорил 6те закони за реформа на јавната администрација да поминат со европско знаменце во Комисијата за европски прашања со која раководи ДУИ.
Овие закони и требаше да се најдат таму, но според информациите, претседателот на комисијата кој доаѓа од ДУИ не свикувал седница.
Азир Алиу доаѓа од Алијанса за Албанците, партија која е еден од најпосакуваните партнери за овие избори и од блокот на владејачките партии но и од албанската опозиција.
Неговата оставка би можела да се сфати и како сигнал дека неговата партија се оддалечува од владата иако имаше и шпекулации за внатрепартиски поделби околу начинот на кој Алијанса ќе излезе на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…