Мистеријата се продлабочува: Зошто камерата пред клубот Готик вечерта на иcчезнувањето на Матеј била завртена кон ѕидот?
Најголемиот проблем е тоа што таа вечер не работеле надзорните камери во клубот, а тоа не било случајно. Имено, овој клуб е синоним за собирање на членови на белградското подземје, пишува хрватски “24 Sata”.
По исчезнатиот Сплиќанец Матеј Периш во Белград интензивно се трага. Полицијата ги прегледува и анализира снимките, ги испрашува неговите пријатели и пријателката Маја која ја контактирал вечерта на исчезнувањето и го спојува мистериозниот мозаик за да открие што се случило со Хрватот кој последен пат бил виден на 31-ви декември во клубот Готик.
Не е случајно што камерата е завртена кон ѕидот
Најголемиот проблем е тоа што таа вечер не работеле надзорните камери во клубот, а тоа не било случајно.
Како што велат извори од истрагата за “24 Sata”, клубот намерно ја завртил и изгасил надзорната камера поради тоа што во Србија на сила е закон кој вели дека сите кои се наоѓаат во угостителски објект по 20 часот мора да имаат Ковид потврда.
А бидејќи таа ноќ таму имало стотици гости, клубот сакал да биде сигурен дека може да се заштити од таа страна, пишува “24 Sata”.
Посебно е индикативно дека камерата која го надгледува просторот пред ноќниот клуб е завртена кон ѕидот, наместо да го снима просторот до оградата со реката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…