Митрополит крушевско-демирхисарски: Немаме право на терминот Македонија, што губиме сега што се викаме Северна Македонија?
Многу порано требаше да сфатиме како политички се решаваат некои работи. Вака вечерва во интервју за 360 степени одговори Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован на прашањето дали Преспанскиот договор ги отвори вратите за признавање на македонската православна црква.
„Што губи денеска нашата држава, Република Северна Македонија што се вика со тоа име, што не е јужна Македонија или горна или целосно интегрално само Македонија. Таа никогаш не може да ја има територијата на целосна Макеоднија како во римското царство. Реално ова е дел на Северна Македонија или како порано што се викало на Горна Македонија“, изјави Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.
На прашањето дали договорот од Преспа ја поттикна вселенската патријаршија да одлучи да ја прими во канонско единство македонската православна црква односно Охридската Архепископија. Митрополитот крушевско-демирхисарски потсетува на период по Илинденското востание во 1904 година „во Елада настанува борба за Македонија и таа трае до 1908 година. И тогаш многу слушнале за Павлос, Мелас, капетан Кота. Тогаш се тие борби и тие дале крв да го освојат тој дел“.
„Требаше многу порано да не прогласат, дека немаме право на терминот Македонија. Дел секако, по територија секако ова е Северна Македонија, никој не може да приговори дека ова не е Северна Македонија, но цела Македонија како што има некој иредентистички погледи од политичарите кај нас… Јас се сеќавам дека ВМРО на почетокот кога велеше идниот конгрес во Солун ќе биди…“, изјави Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.
Во интервјуто г. Јован зборува и за неговата здравствена состојба, деновите поминати во затвор и неговата дијагноза мултиплекс склероза. Но вели дека не размислува за пензионирање.
Вели дека е тешко да се очекува томос од вселенскиот патрихајрх, потсетувајќи дека треба да се работи на прифаќањето на автокефалноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…