Михајлова се возела во гепек?!
Адвокатот на Ива Михајлова од Бугарија, Николај Димитров, кој денеска за бугарската БТВ изјави дека „како родољуб ја изнел обвинетата од Македонија не можејќи да остави своја сограѓанка и дека македонските власти на граница знаеле дека Ива Михајлова поминува и ја пуштиле“ – вчера излегол од македонска територија со машко лице до себе, а Ива Михајлова не била на седиштата во автомобилот, тврдат за „Слободен печат“ високопозиционирани лица во МВР.
Последната снимка од Ива Михајлова е од саботата вечерта, на територија на Македонија.
Бугарскиот нејзин адвокат Николај Димитров ја нарече Македонија „Северна Кореја“, тврдејќи дека на граница „сите знаеле дека таа поминува и излегува“ па дури и дека „му честитале што ја спасува“. Во изјава за БТВ Димитров додаде дека имал помош изминатите неколку недели колку што го планирал бегството на Ива Михајлова – и од македонска локална полиција и од граничари. Сите овие изјави според високо позиционирани извори во МВР се лага и пропаганда затоа што Димитров вчера излегол со автомобил со машко лице.
Ива Михајлова вчера на непознат начин избега од Македонија каде е обвинета за предизвикување сообраќајка со смртни последици. Судењето во Кочани, според нејзините изјави за бугарските медиуми „ќе продолжи без неа“.
Според официјални информации од МВР, за неа во граничниот систем нема регистриран никаков податок за излез. Таа пак тврди дека „излегла од Македонија со својата лична карта“, иако влез во земја на ЕУ со лична карта е неможен.
Михајлова инаку за БТВ изјави дека „и баба ѝ и дедо ѝ во Кочани во последниот момент дознале дека таа решила да ја напушти Македонија“. Инаку новинарката Кана Рачева од БНТ која на Ива Михајлова ѝ постави многу непријатни прашања во интервјуто, на социјалните мрежи моментално доживува линч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Михајлова се возела во гепек?!
Адвокатот на Ива Михајлова од Бугарија, Николај…
Обвинителството за Ива Михаилова: Одземени ѝ се…
На обвинетата Ива Михаилова уште на 9…
МНР со остра реакција за Бугарија: Приемот…
Во врска со бегството на Ива Михајлова…
Зеленски: Ако Русија не се согласи на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Варшавскиот…
МВР: Нема евидентиран излез на Ива Михајлова…
Министерството за внатрешни работи извршило проверки во…