Мицкоски ги охрабри своите поддржувачи: ДУИ нема да биде дел од идната Влада – секоја недела ќе остварува по едно ветување

t

Гласаа пратеници на ДУИ, но од коалицијата Европски фронт, гласаа и пратеници кои се дел од Турската демократската партија, ДПА и други пратеници. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ, но и од Левица бидејќи тоа што СДСМ не го кажува, а јавноста треба да го знае е дека јас лично со нив остварував контакти цело време. Вратата за да го поддржат законот беше отворена за сите пратеници. Тоа што дел од идните опозиционери препознаа квалитет во законот, треба тие да ви дадат одговор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер, Христијан Мицкоски околу поддршката за 2/3 мнозинство во Собранието, со која се изгласаа законските измени за реорганизација на државната управа и зголемување на бројот на министерствата.

Според Мицкоски, ДУИ нема да биде дел од идната Влада, односно таа ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

-Опозиција ќе бидат Европскиот фронт, СДСМ и Левица, потенцира Мицкоски, што според него, ќе се реализира и второто ветување на неговата партија – ДУИ во опозиција.

Мицкоски најавува дека секоја недела ќе остваруваат по некое ветување и интезивен распоред на активности во првите 100 дена од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…