Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера.

Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас.

– Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека инстируциите функционираат и дека демократсите процеси се зацврстуваат, истакна Мицкоски.

Мицкоски прогласи победа за ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и кандидатот на партијата, Онер Јакуповски кој е избран за нов градоначалник.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека јасна е целокупната политичка слика во Македонија.

-Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини, СДСМ во шест. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и нејзиното актуелно раководство, посочи Мицкоски.

Тој нагласи дека изборните резултати се потврда дека изигрната доверба има последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…

Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…

ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди…

ПЕТ скенот од кој завбиси животот и…

(Видео) Кинези снимени како ја потопуваат зелката…

Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека…

Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…

Исланд гласа за враќање на преговорите со…

Исланд ќе гласа за тоа дали да…