Мицкоски нема дилема во добрите намери на Берлин, Париз, Брисел…

t

Јас немам дилема со официјален Париз, Берлин или Брисел и верувам во нивните намери дека се чесни. Знам дека тие тоа што го мислат е најдобро за Македонија, но знам во чии намери немам доверба, а тоа се намерите на Софија, вели Христијан Мицкоски како одговор на прашањето дали очекува реакција од меѓународната заедница, откако партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот со Бугарија.

Според него, секогаш имало „официјална Софија или Атина кои што барале од нас да направиме отстапка за да ни ветат некаква европска иднина“.

-Живееме во сегашност која е еквивателна на најсиромашните држави од Африка. Немам дилема во нивните намери, но најмногу ме загрижува тоа што мојот народ се чувствува понижен и излажан. Ова е можност народот да си го каже своето мислење за овој документ. Знам дека не можам да ѝ верувам на официјална Софија, затоа што знам дека и во иднина, ќе имаме проблеми и кочници, се додека јасно не се оградат остнаатите 26 членки на ЕУ. Првиот резултат од скринингот се Средниот век, Самоиловата држава, Кирил и Методиј и Климент и Наум. Така што не гледам иднина, рече Мицкоски пред новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Полицијата забрани демонстрации во одредени делови на…

Париската полициска префектура донесе наредба со која…

„Ми го уништија животот за неколку часа“:…

Хасан се сеќава како се расплакал откако…

(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во…

Неколку стотици, главно млади луѓе, протестираа денеска…

(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…