Мицкоски не потврди дали Димовски ќе биде секретар за добро владеење, за кого смета дека бил обвинет од СЈО кое било контролирано од СДСМ

t

Премиерот Христијан Мицкоски не потврди дали Димитар Димовски, обвинет и ослободен од вина во предмети на обвинителствата, ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, откако беше прашан за информациите дека токму тој ќе ја извршува оваа функција во неговиот кабинет.

„Прво, јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Нема да биде истото лице“, рече Мицкоски.

Во однос на Димитар Димовски, премиерот посочи дека својот став за него веќе го кажувал во минатото и не сака повторно да го коментира.

„Димитар Димовски, како и десетици и стотици луѓе од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од политичка хајка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, кои СЈО го користеа како политичка алатка, сум го коментирал многупати во минатото и нема да го коментирам“, изјави Мицкоски.

Димовски во моментов е дел од Кабинетот на премиерот на позицијата „секретар за јавни политики, координација и следење на реализацијата на програмата на Владата“.

Неговото име претходно е впишано како обвинет во предметите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како и СЈО. Во случајот „Шпански скали“ беше ослободен од обвинението за злоупотреби при продажба на државно земјиште на скопскиот плоштад, додека беше обвинет и во предметот „Топлик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…

Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…

Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…

Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…