Мицкоски со честитка за Свети Сава: Само обединети можеме да ги надминеме сите предизвици
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, испрати честитка по повод празникот Свети Сава кој го празнува српската заедница во Македонија.
“Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија припадници на српската етничка заедница да им го честитам празникот Свети Сава. Големиот светител има дадено огромен и непроценлив придонес за културата на Србите, а неговото дело за ширењето на писменоста и христијанството оставил траен белег.
Србите во Македонија се дел од културниот, јазичниот и општествениот мозаик на нашата земја, кои придонесувале и придонесуваат кон изградбата на заедничката иднина.
Духовните мостови помеѓу народите најдобро се симболизираат преку взаемната почит и соработка, а одбележувањето на ваквите празници овозможува продолжување на традицијата на заедничка доверба и негување на културни особености и обичаи. Македонија е горда на својата вековна историја на соживот и разбирање и тоа е нашиот темел за иднината. Само обединети можеме да ги надминуваме сите предизвици. Само сплотени можеме да ги решаваме сите проблеми кои не тиштат, без разлика на нашата верска и етничка припадност. Само заедно можеме да направиме подобра денешница и уште подобро утре.
Ви посакувам празничните мигови да ги поминете во радост, благосостојба и добро здравје.
Нека е честит празникот Свети Сава!” – стои во честитката на Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански…
МОН со честитка за 21 Февруари –…
„Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој…
Филипче со новогодишна честитка: 2026 да биде…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…