Млад фудбалер трагично го загуби животот во вчерашната несреќа кај Охрид

t

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Охрид – Св. Наум, животот го загуби 16-годишниот Анастас Каровски, млада фудбалска надеж на охридскиот клуб ГФК Охрид.

Веста беше објавена на Facebook страницата на МакСпорт, каде стои дека младиот талент трагично го загубил животот на само 16 години. Информацијата беше потврдена и од самиот клуб, кој на својата официјална Facebook страница упати сочувство до семејството на Каровски.

„Со голема жалост и тага ја примивме жалната вест за трагичната смрт на Анастас Каровски, млад талент и надеж на охридската фудбалска школа. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата на Анастас“, стои во објавата на клубот.

Каровски беше тешко повреден откако со мопед излетал од коловозот и удрил во метален столб. И покрај напорите на лекарите, им подлегна на повредите во охридската болница.

Во несреќата тешко беше повреден и неговиот сопатник, исто така 16-годишник од Охрид. Неговите повреди се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…