МНР: Мајка и две деца евакуирани од Газа

t

И последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, во текот на изминативе 24 часа веќе се евакуирани оттаму. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, информираат денеска од Министерстото за надворешни работи.

Со ова, велат од МНР, се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.

-Уште еднаш благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје, се вели во денешното соопштение од МНР.

Оттаму потсетуваат на нивните контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…