Молдавскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

t

Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску денеска објави дека поднесува оставка, велејќи дека неговата цел да ја насочи земјата кон Европската унија е постигната, процес против кој проруските сепаратисти се решени да се борат.

Малата поранешна советска република, предводена од проевропската претседателка Маја Санду, во декември доби зелено светло на ЕУ за отворање на пристапните преговори, заедно со соседна Украина.

Двете земји се соочуваат со долг процес на воведување промени и прилагодување кон европските стандарди, за кој Попеску, шефот на дипломатијата од 2021 година, тврди дека започнал пред неколку години.

„Ги исполнив сите обврски во врска со интеграцијата на Молдавија во ЕУ, кои беа одредени од претседателката Санду. Ми треба пауза“, рече Попеску.

Аналитичарите ја фалат неговата улога во поддршката на претседателката за приближување на земјата до европскиот блок и објаснуваат дека тој поднесува оставка затоа што сака да поминува повеќе време со своето семејство кое живее во Франција.

Но, неговата оставка доаѓа во чувствителен момент за Молдавија, која оваа година воведе царини за увоз и извоз, како дел од нејзините напори за влез во Европската унија, по што проруските сепаратисти во Придњестровје повикаа на воена подготвеност.

Лидерот на Придњестровје, Вадим Красноселски, ги повика одбранбените и разузнавачките институции да бидат на „високо ниво на воена подготвеност“ и да одржуваат редовни вежби за оваа цел.

Придњестровје се отцепи пред распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и водеше кратка војна против новата независна држава Молдавија, една од најсиромашните земји во Европа, лоцирана помеѓу Украина и Романија. Повеќе од три децении, малото парче земја остана на источниот раб на Молдавија со малку немири, а 2.000 руски „мировници“ сѐ уште се на линијата што ги дели.

Регионот, зависен од помошта на Москва, вели дека царините му штетат на неговиот бизнис, а Красноселски ги осуди како „средновековен данок“. Санду ја осуди руската инвазија на Украина и ја обвини Москва дека се обидува да ја собори од власт. Кремљ возврати дека Санду поттикнува русофобија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…