Објавено на:

Момче влегло во замрзнувач и се смрзнало до смрт- мајка му верува дека било предизвик на социјални

t

Се сомнева дека малото момче од Кордоба загинало трагично обидувајќи се да направи предизвик на социјалните мрежи. Полицијата му го одзела мобилниот телефон на починатото момче и проверува што се крие зад оваа трагедија, објави Билд.

Друга теорија е дека момчето влегло во замрзнувачот да се олади, бидејќи температурите во Кордоба деновиве надминале 40 степени Целзиусови.

“Не знам што се случи, воопшто не можам да разберам. Верувам дека само сакаше да се разлади”, рекла мајката на момчето.

Плачејќи, таа за медиумите изјавила дека Того кобната вечер се вратил од фудбал и отишол во својата соба да спие.

Во текот на ноќта мајката и бабата на момчето се разбудиле бидејќи било премногу топло и имало многу комарци. Шетајќи низ куќата забележале дека замрзнувачот кој одамна престанале да го користат е приклучен на струја.

“Кога мајка ми го отвори капакот, го виде мојот син без знаци на живот. Имаше пена на усните и беше целосно син”, рекла мајката.

Мајката се сомнева дека момчето можеби имало идеја да се разлади откако се туширало, дека влегло во замрзнувачот и го удрило струја.

Таа и неговата баба веднаш повикале брза помош, која го пренела момчето во болница. За жал, лекарите таму констатирале смрт. Се верува дека детето починало од срцев удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…

Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во…

Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал…

Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…

Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…

Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…

Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…