МОН бара мислење од родителите, наставниците и учениците дали да се укине пролетниот распуст
МОН ќе ги консултира јавноста и наставниците за организирање пролетен распуст во учебната 2024 – 2025 година.
Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните и на средните училишта во учебната 2024 – 2025 година и за успешно заокружување на процесот од голема важност, како што велат, е мислењето на пошироката јавност за тоа дали е потребно организирање пролетен распуст.
„Со оглед на разните ставови во јавноста во однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а тој е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочува во информацијата.
Информираат дека со организација на пролетен распуст наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку, пак, се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Апел за помош: Потребни се 30.000 евра…
Мила се бори со сколиоза 72 степени.…
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…
Од длабочините на Охридското Езеро одбележана 35-годишнината…
Честитка по повод 8 Септември – Денот…
Ново Мексико го отфрли предлогот на Трамп…
Политичките лидери во Ново Мексико се спротивставија…