Мојсоска: Власта веќе нема изговори – надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има
Пратеничката од партијата Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец.
„Власта е на потег… Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратениците од власта тврдеа дека надзорна расправа ќе има штом се поднесе обвинителниот акт (наводно за да не се попречува истрагата).
Кога ВМРО-ДПМНЕ во Собрание ја саботираше иницијативата за надзорна расправа поднесена од Левица, пратеничката Дафина изјавуваше дека ,,истрагата се уште не е завршена, да почекаме да биде формиран тој обвинителен акт, па потоа како пратеници да расправаме на тема трагедијата во Кочани.” И пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ – Драгана Бојковска тврдеше дека сами ќе иницираат расправа за Кочани штом заврши истрагата. Поминаа повеќе од месец дена од поднесувањето на обвинителниот акт, а пратениците од власта молчат.
Власта веќе нема изговор да не поддржи надзорна расправа и формирање анкетна комисија за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Сега вие сте на потег“, напиша Мојсоска од партијата Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…