МПЦ против Коледе, бадникарските огнови и лепчето со паричка: Забранија поповите да учествуваат

t

Отецот Бобан од Македонската православна црква (МПЦ) информира дека постои одлука на Скопската епархија, според која свештениците и поповите не смеат да учествуваат на коледарските огнови и да вршат богослужба.

– Вакви огнови ја губат смислата. Литургијата и богослужбата се правилен момент. Коледарските огнови ја губат традицијата. Порано се пееле побожни песни, а денес е сосема различно. Сега гледаме конзумација на алкохол и мрсна храна на ваквите настани во време на строг пост, како и ора и песни кои немаат никаква поврзаност со верата и Бога. Овие не се христијански обичаи и го губат христијанскиот елемент. Сепак верувам дека граѓаните имаат слух, рече отецот Бобан во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Отецот смета дека ова не е традиција, поради тоа што не се чествува насекаде низ Македонија.

Свештеното лице исто така информира дека лепчето со паричка не е традиција на Божиќ.

-Увезен е кај нас ваквиот обичај. Лепчето се крши само за Василица, додаде отецот Бобан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г.…

Хуманизмот е помагање на другиот и на…

Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…

На социјалните мрежи се појави апел за…

МПЦ: Украден е бакарен лим од кров…

МВР информира дека вчера попладне во 17:25…

Забрана за камиони на ГП Меџитлија –…

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива…

Пожар во католичка црква во Нови Сад…

Пожар избувна утрово на страничниот влез во…