Мртво бебе пронајдено фрлено во ѓубре во хотел во Виена, уапсена млада двојка
Австриската полиција ја истражува смртта на новороденото бебе кое беше пронајдено во просторија за ѓубре во хотел во станбениот кварт Симеринг во Виена.
Осомничен за смртта на бебето е млад пар, 21-годишна жена и 25-годишен маж, двајцата австриски државјани, пишува австрискиот медиум The Local.
Злосторството било откриено кога итната помош била повикана во хотелот каде што била пронајдена жена која обилно крварела. Тие ја прегледале жената во болница и откриле дека таа неодамна се породила.
Младата жена остро негирала дека се породила, а нејзиниот партнер им рекол на инспекторите дека не знае ништо за наводната бременост. За случајот бил информиран и персоналот на хотелот, кој потоа извршил увид во собата на младиот пар, како и во другите соби во хотелот.
Тие биле шокирани кога влегле во собата во која престојувал младиот пар, која била полна со крв. Вечерта телото на новороденче било пронајдено во кеса за ѓубре во просторијата за оставање ѓубре. Веднаш била повикана полиција, а случајот го презел Државниот завод за криминалистичка полиција во Виена.
Тие наредиле обдукција на телото за да се утврдат точните причини за смртта. Двојката во меѓувреме е задржана во притвор.
Ова е втор ваков случај за само неколку недели. На крајот на ноември во канта за отпадоци недалеку од клиниката Фаворитен беше пронајдено мртво новороденче.
Тогаш било утврдено дека мајката, жена со турско потекло, го извадила своето новороденче од клиниката, го убила и го завиткала во црна кеса, а потоа го фрлила во контејнер недалеку од клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…