Мурињо: Многу идиоти кажаа дека намерно сум добил црвен картон!
Португалскиот тренер Жозе Мурињо ги нарече идиоти тие што кажаа дека намерно добил црвен картон за да го пропушти дербито меѓу Рома и Интер.
Мурињо во завршницата на дуелот против Монца направи гестикулација кон противничкиот тренер и заработи исклучување.
„Многу идиоти кажаа работи кои само идиот може да ги каже. Јас сум тренер на Рома, сакам да бидам со мојот тим. За жал, тоа што се случи во последната минута против Монца не може да се промени. Жал ми е што не можам да бидам покрај моите играчи. Не знам дали заслужив црвен картон, но мора да важат исти правила за сите“, вели Мурињо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски од Киев: Македонија останува на страната…
Стоиме со Украина, која е суверена држава…
Нов хаос во Персискиот залив: Ирански танкер…
Ирански танкер беше погоден од американските сили…
Уапсени пет лица во Галичник, при претрес…
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…
Драма во Пехчево: Маж седел со друга…
На 04.09.2026 во 10:59 часот во ОВР…
(Видео) Ужас на аеромитинг во Грција: Се…
Тешка авионска несреќа се случи во сабота,…