Муртезани се сретна со новиот италијански амбасадор во Македонија, Паоло Палминтери
Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија, Паоло Палминтери.
Министерот Муртезани ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка на Италија за политиката на проширување на Европската Унија, како една од нејзините основачки земји-членки. Соговорниците констатираа дека овој ангажман е од суштинско значење за зачувување и унапредување на моменталната динамика на процесот на проширување.
Во тој контекст, беше потенцирана активната улога на Италија во рамките на групата „Пријатели на проширувањето“, што уште еднаш беше потврдено со одржувањето на вчерашниот состанок во Рим.
„Муртезани и Палминтери ја реафирмираа успешната соработка во рамките на европските инструменти, како што се IPA Twinning и TAIEX, каде досега се реализирани осум Twinning проекти со италијански партнери во областа на животната средина, земјоделството, организираниот криминал и развојот на приватниот сектор. Министерот Муртезани ја охрабри италијанската страна за понатамошно учество во овие програми, кои значително придонесуваат кон усогласување со европските стандарди. Дополнително, беше истакнато дека Северна Македонија веќе е дел од меѓурегионалните и транснационалните територијални програми – URBACT, Interreg Европа, Euro-Med и Adrion, што отвора нови можности за зајакнување на партнерствата меѓу институциите и граѓаните на двете земји“, пишува во соопштението од кабинетот на Муртезани.
Министерот Муртезани и амбасадорот Палминтери ја потврдиле заедничката посветеност кон продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Италија поради одлуката на синџир…
Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…