Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
Утре стартуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Гласаат болните и изнемоштени лица во домашни услови. За првиот круг до ОИК во Штип беа поднесни и усвоени 158 барања и истите не мораа да поднесуваат ново барање, зашто им важи и за вториот круг, а во меѓувреме се пријавија и нови.
– Согласно роковникот на ДИК, бидејќи до 30-ти април беше поднесувањето за парламентарните избори за гласање дома. Имаме поднесено 54 такви пријави, од кои ОИК прифати 50, а 4 одби, зашто не беа со соодветна документација, односно, упатството на ДИК- изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК
Има и посебни правила за самиот ден на изборите, зашто ќе има две гласачки кутии на избирачките места.
– Членовите на избирачкиот одбор се должни да го прашаат секој избирач дали сака да гласа за парламентарните или за претседателските избори или пак сака да гласа за двата вида избори и при тоа да му укажат на тоа дека има право само еднаш да пристапи на избирачкот место, додаде Вацев
Во текот на утрешниот ден ќе се гласа и во штипскиот Затвор. Таму на избирачкиот список има евидентирано 203 гласачи од 40 општини. Во првиот круг на гласање излегле 144 или 71% од осудените лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…