Нападнал музичка група и им ја искршил опремата во локал во Крива Паланка, полицијата му поднесе кривична пријава
Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Крива Паланка, откако тој предизвикал инцидент во угостителски објект, напаѓајќи ангажиран музичар и уништувајќи дел од опремата.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, случајот веќе е процесуиран од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против Б.Ц.(37) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство““, се наведува во официјалниот полициски билтен.
Инцидентот се случил минатиот месец, кога пријавениот почнал да прави проблеми за време на настапот на бендот во самиот локал.
„На 12.04.2026 во угостителски објект во Крива Паланка, пријавениот попречувал членови на музичката група, која била ангажирана во објектот, физички нападнал еден од членовите и ја оштетил музичката опрема“, информираат од МВР.
По целосно документирање на сите докази и изјави од сведоците, против Б.Ц. е поднесен соодветниот поднесок до надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…