Објавено на:

Нападнат руски дипломат во Литванија: Захарова ги предупреди балтичките земји да намалат со антируската психоза

t

Руски дипломат бил нападнат во Вилнус, главниот град на Литванија.

Според руското МНР, против дипломатот била употребена физичка сила, а амбасадата по тој повод испратила нота до Министерството за надворешни работи на Литванија.


„Во главниот град на Литванија со употреба на физичка сила е нападнат руски дипломат, а се обиделе да извршат притисок и врз амбасадорот“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Иако нотата е испратена, мерките што балтичките држави ги преземаат за да ги обезбедат руските дипломатски претставништва очигледно не се доволни, додаде таа.


Предупредување за балтичките земји
Москва ги предупредува Литванија, Летонија и Естонија за одговорноста за иницираната антируска психоза и бара од властите во тие земји да преземат мерки за заштита на руските странски мисии, истакна Захарова.


„Ги предупредуваме Вилнус, Рига и Талин на одговорноста за последиците од антируската психоза што ја предизвикаа. „Бараме од надлежните органи на овие земји да преземат итни мерки за заштита на руските дипломатско-конзуларни претставништва и нивните вработени“, нагласи портпаролката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…

Литванија тврди дека Унгарија е „против Европа“

Литванскиот министер за надворешни работи ја обвини…

Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…

Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…