Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче
Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.
„Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства, на што до моментот на објавување – не добивме одговор. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму очекуваме одговор.
Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
183.981 евра од хипотека од недвижен имот…
По една година помината во притвор, екс…
Црни рекорди: Дури 129 новинари се убиени…
Рекордни 129 новинари и медиумски работници беа…
Утковски: Затворот во Шутка не е мексикански…
Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може…
Обама: Убиствата во Минеаполис се повик за…
Убиството на Алекс Прети е трагедија што…
Затворот во Шутка со часови без струја!
Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е…