Наскоро ќе се пуштат во употреба патарините на автопатот “Гоце Делчев”

t

Наскаро треба да проработат двете патарини на автопатот „Гоце Делчев” од Миладиновци до Штип кои се градат кај Преод и Кадрифаково.

Министер за транспорт и врски Благој Бочварски не знае колку ќе чини санацијата на одроните на автопатот Штип-Миладиновци и кога ќе заврши, но најави дека новите 2 патарини ќе започнат со работа.

-Веќе привршува изградбата на патарините и во координација со ЈПДП и изведувачите потоа ќе бидат пуштени во употреба, додаде Бочварски.

Со пуштањето во употреба на двете нови наплатни рампи, патувањето од Скопје кон истокот на државата по автопатот Гоце Делчев, возачите на Автомобили ќе ги чини 160 денари.

Директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми пред извесно време информираше дека цената на патарините се утврдува според Законот по километар.

-Цената на патарините се утврдува според Законот по километар од 2,57 денари така што во Преод ќе чини 50 денари, а Кадрифаково ќе биде 70 денари.Имаме електронско плаќање, тоа е подобра метода и се поддржува од ЕУ. Веќе и во ЕУ, многу држави имаат иницијатива да се тргнат вињетите и да се преминува кон електронско плаќање, вели Рустеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран на…

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран и…

(Фото) Се запали автобус на автопатот Велес-Скопје

Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил…

Владата очекува автопатот Охрид-Кичево да биде завршен…

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите…

Одрон на автопатот Скопје – Велес, сообраќајот…

На автопатот Скопје – Велес, по патарината…

Не го прочитал ама знае! Предлогот на…

Се уште не сме го виделе предлог-законот,…