Најголемиот број украински бегалци – 3,5 милиони се згрижени во соседна Полска
Убедливо најголемиот број украински бегалци – 3,5 милиони се згрижени во соседна Полска. Речиси 780.000 бегалци пристигнале во Германија од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, до минатата сабота. 98 отсто од нив се по потекло од Украина, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.
Се претпоставува дека многу од нив можеби во меѓувреме заминале во друга земја на ЕУ или се вратиле во Украина. Според УНХЦР, речиси два милиони луѓе се вратиле во Украина од почетокот на војната. Не се знае точно колку од нив се вратиле трајно, а колку од нив само повремено доаѓаат во својата земја.
Само Полска евидентирала повеќе од 1,5 милиони луѓе кои се вратиле во Украина, објави тамошната гранична служба на Твитер.
Забележано и дека бројот на луѓе кои од неодамна се враќаат во Украина, на дневна основа, е поголем од бројот на оние што ја напуштаат земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…