Објавено на:

Најмалку осум загинати во нов бран руски напади на Украина

t

Во руски напади со десетици ракети и крстосувачки ракети, како и стотици дронови, во текот на ноќта загинале најмалку осум лица, објавија украинските медиуми. Повеќе од десет лица се повредени.

Во градот Криви Рих, според извештај на „Kyiv Independent“, ракета погодила станбена зграда во која живеело повеќечлено семејство. Само таму загинале шест лица, меѓу кои и две деца на возраст од пет и 12 години, а осум лица биле повредени.

Уште две жртви биле пријавени во главниот град Киев и во областа Полтава. Во Лавов биле повредени пет лица, соопштија властите, според извештаите. Информациите не можеле независно да бидат потврдени. Точниот обем на материјалната штета сè уште не бил познат во раните утрински часови.

По ракетните удари избувнале пожари во две големи станбени згради во Лавов, во близина на границата со Полска, објавија медиумите. Неколку објекти биле погодени и во Киев, но најверојатно од остатоци од соборени ракети и дронови.

Репортерите известувале за неколку серии силни експлозии во текот на ноќта.

Нов украински напад врз руската онлајн-продавница „Вајлдберис“

Украинската армија повторно ја нападнала руската онлајн-продавница „Вајлдберис“ (Wildberries). Напад со дронови предизвикал пожар во голем магацин на компанијата во руската област Пенза во текот на ноќта, изјави гувернерот на регионот, Олег Мељниченко, според државната агенција ТАСС.

Најмалку едно лице било повредено, а околу 200 вработени биле евакуирани.

Од почетокот на овој месец, Украина неколкупати ги нападнала логистичките центри на најголемата руска компанија за онлајн-продажба и достава.

Овие симболични и видливи напади врз „Вајлдберис“ предизвикуваат значителна материјална штета. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвинува компанијата дека тргува со материјали кои се користат во војната против Украина, која започна во 2022 година.

Кремљ категорично ги отфрла овие обвинувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Фон дер Лајен: Украина ќе може да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…