Објавено на:

Најнови вести од фронтот: Убиен американски специјалец во Бахмут

t

Пензиониран војник од специјалните сили на САД беше убиен од руска артилерија оваа недела во источниот украински град Бахмут, кој редовната руска армија и платениците од групата Вагнер се обидуваа да го освојат речиси една година.

Неговата смрт ја потврди близок пријател и основач на непрофитна организација која работи во Украина. Пензионираниот наредник Николас Мајмер беше во зграда во Бахмут која се урна откако беше погодена од артилериски оган, рече пензионираниот полковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работеше во Украина

Украинците кои биле со Мајмер веруваат дека поранешниот специјалец се заглавил во делумно уништената зграда или бил убиен од налетот на руската артилерија, рече Блекбурн.

„Не успеа да побегне“
„Тие влегоа во таа позиција, а потоа започна тежок артилериски оган. Зградата почна да се урива. Повеќето Американци и Украинци успеаја да побегнат, но Ник не“, изјави за Си-Ен-Ен пријателот на Мајмер.

Потврдата за смртта на Мајмер дојде откако Евгениј Пригожин, основачот на руската приватна воена компанија Вагнер, објави видео за кое тврди дека го покажува телото на убиениот Американец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илон Маск го прозва Бајден поради американски…

Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…

Украинците се пофалија: Овоивме село јужно од…

Укаинската амрија се пофали денес дека нејзините…

Зеленски го посети фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја…

Украински командант тврди: Заробивме руски војници во…

Командантот на украинската армија Александар Сирски тврди…

Српски доброволец загина во Бахмут: Бил член…

Гласините дека двајца српски доброволци загинале во…