Најомилена храна за Хрватите е скарата, а ланскиот 22 јуни е забележана рекордна побарувачка

t

Според последните податоци за потрошувачката на скара во Хрватска, сабота, 22 јуни 2024 година е забележан како ден со најголема побарувачка на вакви производи, објави платформата Глово. Покрај тоа, најпопуларен месец за нарачки за скара лани бил ноември, додека најголем број на нарачки се забележани во петок. Времето на најголема побарувачка за скара е помеѓу 19:00 и 20:00 часот, при што приближно 20% од нарачките доаѓаат за вечера и исто толку за ручек.

Овие податоци потврдуваат дека Хрватите сакаат да уживаат во јадења на скара и за ручек и за вечера. Најголема побарувачка на производи од скара во претходниот период е забележана во шест хрватски градови – Загреб, Осиек, Сплит, Задар, Вараждин и Пула. Хрватска е на трето место во регионот по бројот на нарачки на скара на апликацијата Глово, што ја потврдува популарноста на овој вид храна кај домашните потрошувачи. Најскапата поединечна нарачка на храна на скара била импресивни 576 евра. Меѓу најчесто нарачуваните производи се ќебапите и печените лигњи, што покажува дека Хрватите подеднакво сакаат месо и специјалитети од риба на скара, информира „СЕЕ.биз.еу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин…

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…

Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…

Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…