Најтешките случаи беа првите пациенти што ги испративме во соседните земји, вели Таравари

t

Првите пациенти што ги испративме во Белград, Софија и Солун беа најтешките случаи на повредени од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани. Ова вечера во гостување во ТВ 21 го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, посочувајќи дека првите понуди за лекување дошле од соседните држави, како Србија, Грција, Бугарија, но и од Турција.

„Со тоа, ни се ослободија болнички капацитети да ги земеме тие пациенти што се хоспитализирани во болниците во Кочани и Штип. Следните денови продолживме да испраќаме пациенти на лекување во странство“, рече Таравари.

Посочи дека рехабилитацијата на повредените некаде ќе трае со недели, а некаде со месеци, но дека генерално нивното опоравување ќе биде долг процес.

„Ќе дадеме максимум последиците да бидат што помали, оти се работи генерално за деца. Повеќето се деца од 15 до 25 години, на кои им значи надворешниот изглед“, кажа тој.

Според него, впечатокот на повеќето странски доктори и експерти за изгореници кои се во земјава е дека релативно добро се менаџира состојбата во ГОБ „8 Септември“, и во болницата „Свети Наум Охридски“.

Изминатите два дена се прават проценките кои од пациетите сместени во нашите болници се за лекување надвор, а кои се останување тука.

Министерството за здравство попладнево ги објави медицинските центри во странство каде се лекуваат пациенти повредени во пожарот во Кочани.

Досега 101 пациент е испратен на лекување во странство, како Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Грција, Италија, Австрија, Белгија, Литванија,Турција, Шведска, Унгарија и Полска.

Според последните најави во Турција ќе се лекуваат уште три лица, а седум ќе се транспортираат во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…