Најчевска: „Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“
Имајте секогаш на ум дека тие кои не знаат, кои не разбираат. кои едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома и дошле на позиција да донесуваат одлуки кои се однесуваат на вас, не се опасни само за себе, туку и за вас.
Ова го објави на својот фејсбук профил професорката Мирјана Најчевкса, која важи за редовен критичар на тековните општествени случувања. Таа истакнува дека луѓето мора да бидат искрени и да признаат дека во општеството веднаш се препознаваат паметните луѓе.
– Вие добро знаете кој е паметен меѓу вас а кој не е. Ставете рака на срце и бидете искрени.
Го знаете тоа уште од основно. Секогаш имало некој кој разбирал се од прва, кому не му требале саати и саати учење за да знаат, кои голтале книги не затоа што морале туку затоа што сакале, кои никогаш не барале помош на тестовите и чии родители не молеле за нивните оцени.
И сепак верувате дека тие кои препишувале, кои не разбирале што објаснува наставникот, чии родители дремеле во училиште за на нивните деца им напишат високи оцени, дека тие се оние правите кои треба да седат на раководни позиции? – напиша Најчевска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…