Објавено на:

На полицаец му украле пиштол и куршуми од полициска станица

t

Полициски службеник од метален шкаф останал без службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми. Службениот пиштол, како што пријавил полицаецот, му бил одземен од просторот кој го користел за чување на опремата и оружјето.

„На 01.03.2025 во 08.00 часот во ОВР Крушево М. Х. (38) од  Крушево, вработен како полициски службеник во ОВР Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, кој пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР Крушево му бил одземен службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми“, стои во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…

Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…

Утрово во 03:00 часот во кругот на…