НБРМ по проблемот со Виза и Мастеркард: Парите на граѓаните се безбедни
Паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент, соопшти попладнево Народната банка по информациите дека недостапни се услугите со платежните картички Виза и Мастеркард.
– Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките, се наведува во соопштението.
Од централната банка информираат дека континуирано се следи ситуацијата и дека се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите.
Претходно, Македонската банкарска асоцијација информираше дека дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите се достапни во сите експозитури и филијали на банките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…