НЕВРЕМЕТО ИМ ЈА УНИШТИЛО КУЌАТА: Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош

t

Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош по невремето од силен ветер и поројни дождови, што синоќа го зафати Неготино.

– Кровот ни прокиснуваше и претходно но по невремето ситуацијата станува полоша и имаме штети од поплавата во и онака скромниот дом. Оштетен ни е и мебелот во домаќинството. Нашата сиромаштија стана уште поголема по невремето. Страв ни е да спиеме во куќата, плашејќи се дел од кровот или целиот кров да не се урне, рече за МИА, мајката Мара Петрова, пензионерка.

Сите што сакаат да помогнат на мајката и ќерката, можат да се јават на телефонскиот број 077 635 242.

Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов истакна дека во текот на денешниот ден, ќе се формира општинска комисија за проценка на штети и комисијата ќе направи увид на лице место, со цел евидентирање на сите што претрпеле штети од елементарната непогода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: Промената на власта во Македонија ќе…

Промената на власта во Македонија ќе означи…

Зеленски се жали: Русија започна нова офанзива…

„Русија започна нов бран на офанзивни акции…

(Видео) На Дончиќ му пуштија звуци од…

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дониќ, ноќешниот меч на…

Фудбалерите го креваат гласот, се заканија со…

Синдикатот на фудбалерите (ФИФпро) и Асоцијацијата на…

Димитриевски нема вечно да чека на Валенсија,…

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, се наоѓа…